Сите знаеме во каква состојба се наоѓа спортот во Македонија и колку мака мачат спортистите за да дојдат до финансии за правилен спортски живот за кој треба посебна храна, доисхрана или суплементи, опрема итн, итн!

За сето ова да биде достапно на наша среќа секогаш има добри луѓе кои од срце не помагаат и ни ги овозможуваат овие потреби!
Сакам од срце да му сѐ заблагодарам на тие луѓе што ми овозможија без додатни грижи освен тренинг да бидам тука во Базел!
Макс Чуфта-слаткарница Стела
Сашо Шамбески- кафе Портал
Фамилија Крт Талевски- Скопско премиум
Дечки секоја чест!!!💪👊👊👊

Фб статус на Александар Димовски

Инаку битолчанецот Александар Димовски – Димсата од синоќа е веќе во Базел, Швајцарија, каде ги има последните подготовки пред утрешниот 24.02.2018 г. професионален кик-бокс меч, според К-1 правилата, против унгарецот, Кристоф Нади.

Само напред Димса!