​Денеска е Собор на св.Јован Крстител. Именден на Јовановци, Јове, Јовче, Јовица, Јованка. Напомош да е и за многу години. Со името на св.Јован се поврзуваат неколку објекти во Битола. Моментално црквичето горе кај Германски гробишта. Некако многу од текстовите што ги спремаме се срам за една генерација и прашање дали можеме ние да го надоместиме изгубеното или да ги градиме наново. Еден таков пример е и денешниот. Впрочем пред неколку децении во самиот центар на градот имаше една мала црквичка посветена на св.Јован.

Свети Јован Благослов. Но тогаш немаше кој да ја благослови, не можеше никој да му поможи и да сакаше. Се градеја фабрики, за работниците се градеја станови и се што се испречи на патот, дали историско или културно замина во неповрат.

св.Јован црквиче кое некогаш постоеше во нас.Стара болница, Битола

Така беше и со споменатата црквата св.Јован во месноста која ние битолчани ја викаме Стара Болница. Многу ќе се запрашаат што е и за неверување, каде е дали е вистина, дали навистина имаше црква…Да, беше тоа таму а сега се згради.Висококатници. Позната приказна.

Малото црквиче св.Јован кое повеќе не постои

Беше во склоп на болницата, па битолската Богословија св.Јован Богослов. Па с’е се раздели и така остана, дел му припадна на библиотеката, дел е хотел-ресторан, другиот дел е објект каде преставништво имаше поранешна партија, црковен имот, дел од некогашната Стара болница. Тука позади неа имало голем парк, зеленило, вода лековита и црква.Тоа беше едно време кое најповеќе ни зеде од нашето наследство, од куќите со впечатлива архитектура па се до џамиите и црквите со кои беше украсена Битола.

Иконостасот и дел од иконите на црквата св.Јован

Се распрашавме на повеќе места. Не добивме никаков одговор. Остана уште библиотеката во Митрополијата. Нема ниту било каква пишана трага. Во интерес на денот ја објавуваме оваа сторија, Ве потсетуваме. Можеби заедно со вас дел по дел и ќе ја склопиме приказната за таа црква. Барем да се знае. Битола ја викале Манастир. Не било тоа за џабе. Но како доаѓале едни па други манасстирите или се преправија и пренаменија или се рушија…

Дел од иконите во внатрешноста

Фотографиите се нем сведок пред кои ништо неможе да се промени или заборави, заедно со нас и раскажувањата на нашите баби и дедовци. Па нели нешто треба да направиме и оставиме како спомен и истото да не се повтори и заборави? Новото да си го градиме и сакаме а старото да си го возобновуваме и чуваме? Ние сме народ со голема историја, потекло и идентитет а без тоа сме никој и ништо. Треба да си го почитуваме сето тоа. Нека биде за многу години денот. Повелете надополнете ја нашата сторија со вашите сеќавања и познавања. Ви благодариме на сите. Честито Името на Јовановци.
Фотографии и голема благодарност до Завод и музеј Битола

Leave a Reply