ПРАВНИКОТ НИКОЛА ТРАЈКОВ ГИ ПОЗНАВА СИТЕ БИТОЛСКИ ФАМИЛИИ

Во Битола има повеќе луѓе кои се многу популарни меѓу своите сограѓани и со кои се одликуваат со по нешто што ги прави познати и барани. Меѓу таквите се наоѓа и правникот Никола Трајков, кој без претерување, феноменално памети. Овој човек што израснал и се воспитал во rpадот, како човек што памети се истакнал уште од своето најрано детство. Тогаш, тој бил во состојба да ги запамети сте раскажувања на постарите луѓе и со неверојатна точност тие раскажувања веднаш да ги пренесе. Особено нeгo го интересирала историјата и како таков е еден од најдобрите познавачи на светската историја.

Нова Македонија 1954

Трајков се интересирал за потеклото на попознатите битолски семејства, така штo е во состојба да говори за многу битолчани уназад за неколку десетина лози. Интересно е уште да се додаде е тоа што Трајков не само што добро го познава минатото на битолчани туку тоа го прави денес и е во состојба да ги следи и новите родбински врски што битолчаните ги создаваат преку мажење или женење во други градови и села. Како куриозитет за меморијата на Трајков говори и фактот што тој сеуште ги памети трите имиња на своите ученици на кои тој им предавал пред дваесет години кога тој бил професор.

Кога отидовме да се запознаеме со овој почитуван битолчанец, тој веднаш ни го расправи историјатот подобро и поточно одошто ние сами си ги познаваме. Ни говореше за нашите дедовци и прадедовци како и за роднинските врски кои сме ги стекнале. Дури ни рече и за некои детали за кои не сме ги ни чуле.
Колку е голема неговата популарност ни говори тоа што секоја вечер е на неговата маса кај Трудбеник тој на своите многубројни пријатели им раскажува за историјата на Битола и за потеклото на нивните семејства. Затоа Трајков е најбараниот битолчанец.

Leave a Reply