Ателје ,,Креација’’ од оваа година е дел од платформата Архитектура во мода. Architecture In Fashion е прва и единствена платформа на која ексклузивно се изложува и продава мода инспирирана од архитектурата.

Photo: Cornel Petrus MUA; Christian Buca Mur modeling agency

“Ногол Захаби, основач и сопственик на сајтот која го репрезентира накитот на брендот Креација, направи селекција од 20 дизајнери ширум светот кои во едно модно шоу беа претставени на модната недела во Сибиу, Романија.

Feeric Fashion Week е најголема модна недела во Источна Европа. Стајлингот од вкупно 63 креации од 20 различни дизајнери, кои во 10 минутна ревија продефилираа на сцена во една совршена приказна, е дело на Симон Јоусефи.

Photo: Cornel Petrus MUA; Christian Buca Mur modeling agency

Ова е прво позначајно и поголемо петставување на Ателје ,,Креација’’надвор од Македонија, официјалното видео од модниот настан е достапно на веб страната www.kreacijajewelery.com/runaway

Leave a Reply