Битолчани беа врвни познати мајстори ѕвончари, тер­зи­и­, ср­ма­џи­и­, кон­ду­ра­џи­и­, опин­ча­ри­, ка­лај­џи­и­, зла­та­ри­, кујунџии, саатчии, бербери, опинчари, ковачи, чевлари, шнајдери и други околу 140 врсти на занаетчиски професии… Тие долги години се вредните мајстори кои со својот труд придонесуваат за развој и опстојување на занаетчиската дејност во нашиот град.

Тука спаѓаат и шнајдерите од некогашниот дуќан “Елегант” кој беше прилепен до црквата св. Димитрија во Битола (денешно Барби). Димче, Душко, Панде и Фонде беа познатите битолски мајстори кои шиеја секаква машка и женска облека по порачки со која битолчани на разни свечаности и низ град ја преставуваа најновата и најмодерна светска мода. На оваа фотографија се фотографирани на тогашниот плоштад Маршал Тито кај градскиот часовник, со слаткарницата Китка во позадина (Китка беше прилепена за горниот дел од Безистенот). Работеа самостојно некаде до 50-тите години и во 60-тите години почнаа да одат на други работни места, и тоа Душко во Јавор, Димче во Иднина, подоцна и Фонде во Иднина, остана Панде кој подоцна се префрли во дуќан отспротива…
Оваа објава нека биде во чест за нив и нивните фамилии…

Голема благодарност до Вера Петковска за испратената фотографија и раскажување…

Leave a Reply