БИТОЛСКАТА БОГОСЛОВИЈА
(1922-1941)

Согласно иницијативата на тогашниот митрополит во дваесеттите години од прошлиот век, брзо се произнесол Министерскиот совет на Кралството и на 5 октомври 1921 год. била основана Битолската православна богословија со патрон „Св. Јован Богослов“ во Битола.
Богословијата, иако била основана во октомври, поради ред проблеми
(инвентар, кадар и сл.), со редовна работа почнала дури на 26 февруари
1922 година.

На самиот почеток се состоела од една двокатна зграда покрај улицата и една двокатна зграда со трпезарија во внатрешноста.Како се зголемувале учениците така таа се проширувала.

Ректоратот бил во дел од сегашната градска библиотека а се користела и зградата од сегашната Христијанско-адвентистичка црква која истотака припаѓала на Битолската богословија.Имало и интернат, перална и црква св.Јован.

Во Богословијата биле примани ученици со завршено IV одделение,
и тоа најчесто се запишувале деца од попски семејства хкои на тој
начин ја продолжувале семејната традиција, како и деца на сиромашни родители. За учениците-богословци бил организиран интернат зашто тие главно биле од други места селата и градовите подалеку од Битола.
Богословците учеле до VIII клас гимназија со дополнителни теолошки и други предмети во Богословијата.

Наставничкиот совет при Богословијата вршел и други активности во ширење на литературата меѓу учениците-богословци. На учениците
кои биле бедни и немале можности да купат книги, преку библиотеката
им биле подарувани книги.
Богословијата помагала и донирала заедно со војската во изградба и на Битолскиот водовод.
Рускиот кадар претставувал мнозинство меѓу предавачите во Битолската Богословија.
Во есента 1928 г. со синодска одлука го назначиле Јован Шангајски за професор во Битолската богословија, каде бил вистински Христов светилник, за кого преп. Николај
Жички (тогашен Охридско – Битолски епископ) кажал:
„Ако сакате да видите светител, одете во Битола кај отец Јован“.
Учителска дејност покрај св.
Јован Шангајски водат и Николај Велимирович, Кипријан Керн и
др. Нивната улога како учители и пастири, не била само
во изложувањето на верските вистини, туку и нивно имплементирање во животот на човекот.

Св. Јован Шангајски, во една пригода, цитирајќи го св. Јован Златоуст ќе рече:
„Христос дошол на земјата да ја обнови изопачената слика Божја во човекот, да ги повика луѓето на
заедништво и на единство со Бога, да го отстрани не единството меѓу луѓето и да ги соедини во еден нов
човек, кој со една уста и едно срце ќе Го прославува својот Творец. Должноста на секој пастир е да ги
доведува луѓето до тоа единство, да ги препородува и да ги осветува. А има ли нешто повозвишено од преродбата на Божјите суштества?“

-Г.Г.Ангелариј во 1926 година се запишал на средно богословско училиште “Св. Јован Богослов” во
Битола,завршува во 1931 година,1932 бил ракоположен во чин ѓакон во Црквата „Св. Димитриј“ и истата година во црквата„Св.Богородица”
станува свештеник.
-Архиепископот Доситеј завршил богословија во Битола во 1937 година.
-Стале Попов завршил богословија во Битола .
-Г.Г.Михаил завршил богословија во Битола.
-Владиката Николај Епископ Охридско– Битолски, со седиште во Битола е дел од наставничкиот колегиум на битолската Богословија.
-Свети Јустин Поповиќ истотака….
….и многу други.
Значењето на Битолската богословија е присутно и ден денес.Како главните иницијатори за отворање на новата богословија се нејзини ученици кои понатаму како учители ги пренесоја стекнатите учења и знаења во скопско Драчево 1967 г.,каде сега се наоѓа поновата богословија…