„Виа Централа“ е велосипедска тура која почнува во Белград, Србија, а завршува во Хамбург, Германија со апроксимативна временска рамка од 21-ви август 2018 – 10 септември 2018 година. Патувањето започнува со автобус од Македонија на 20.08.2018 (полноќ) кога се тргнува за Белград со автобус.

Во Белград започнуваат екстремно тешките тури во возење со велосипед на релации
на 21. 08. 2018 г. : Белград- Сомбор, на 22. 08. 2018: Сомбор – Дунавјарош, 23. 08. 2018: Дунавјарош- Будимпешта – Кхлаба, 24. 08. 2018: Кхлаба- Шаморин, 25. 08. 2018: Шаморин – Братислава – Виена…

На 26.08.2018 г. ќе биде ден за одмор за потоа на 27.08.2018 г. да се продолжи со возење на релациите Виена – Опатов, 28. 08. 2018 г. Опатов – Прага, 29. 08. 2018 г. Прага – Усти над Лабом и на 30. 08. 2018 г. Усти над Лабом – Дрезден.

Мартина Николовска на Кајмакчалан

31. 08. 2018 е втор ден за одмор после кој на 01. 09. 2018 г. се продолжува долж Дрезден – Десау, на 02. 09. 2018 Десау – Вербен, 03.09. 2018 Вербен – Лауенбург, 04. 09. 2018 Лауенбург – Хамбург – Глукштат – Хамбург и на 05. 09. 2018 се завршува во германскиот град Хамбург.
Оттаму за назад се враќаат со авионски лет на 06 Септември 2018 г. на релација Хамбург – Скопје (со Виз Ер)

Турата ќе се одвива од Белград по течението на реката Дунав се до Виена, од каде се вози за Брно, потоа Прага и од тука до Хамбург по течението нареката Елба (Лаба). Должината изнесува вкупно 2000 км (+/- 100 км) и максимално искачување од 5500 м. надморска височина. Државите низ кои се поминува се Србија (старт), Хрватска, Унгарија, Австрија, Чешка и Германија (крај).
Во тимот кој е составен од неколку машки кои се од другите градови на Македонија се наоѓа и нашата битолчанка Мартина Николовска со нејзините 27 г.

Мартина Николовска на Галичица

Досегашните достигнувања на тимот постигнати низ годините се турата низ Словенија/ Италија во 2013, 600км, при што се посетени позначајните места од Љубљана кон север (Крањ, Блед, Бохињ, Јесенице), влез во Италија преку Гориција и возење низ Монфалконе до Трст и Копар до Изола, после што следи Грција 2015 која започна со старт во Гевгелија, преку Солун од каде се извозени сите три Краци во североисточна Грција (област Македонија) и ланската „Via Adriatica“ (Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија) 2017 година кога се извозија вкупно 1350 км.
долж целата Јадранска магистрала со почеток во Љубљана, Словенија, преку Хрватска, Црна Гора и Албанија до Охрид.

Целта на овие несекојдневни и измачувачки тури е постигнувањето на лични и национални спортски резултати и рекорди при што се презентира Република Македонија како спортска нација, која се стреми кон остварување на вредностите на Европската Унија.
Тука е и промоцијата на здравите животни навики, грижа за околината (повеќе велосипеди помалку автомобили), афирмација на велосипедизмот како спорт и многу друго.

Да и дадеме голема поддршка на нашата битолчанка! Напред Мартина!