Битолчани шест дена беа учесници на НАТО вежба во Младеновац – Србија.

Во склоп на Македонскиот УСАР тим на Дирекцијата за заштита и спасување беше и дел од битолскиот тим за заштита и спасување од планина и високи објекти со 5 членови предводени од тим лидерот Петар Нолев, кои зедоја активно учество во НАТО вежбата Србија 2018, заедно со 38 земји учесници.

Сценариото беше земјотрес и
Тимот активно се вклучи во неколку работни точки, заедно со другите тимови, како евакуација од висококатница, сообраќајна несреќа, евакуација на повредени од оштетен мост над водена површина.

Македонскиот тим на ДЗС беше составен од битолскиот тим за заштита и спасување на планина и високи објекти, ТПП Единица од Струмица, тимот за спасување од вода на ДЗС и единицата К9 на МВР на РМ ( вкупно 33 припадници ) .
Вежбата заврши успешно и во текот на утрешниот ден сите се враќаат дома.

Leave a Reply