Станко Буторац е роден 1932 година во Битола од татко Петар и мајка Марија.

Станко Буторац

Неговата едукација започна во Француската школа на Чесните сестри во Битола и гимназијата Ј.Б.Тито, каде завршува полуматура, за потоа да се запиши во средно техничко училиште “Здравко Цветковски” во Скопје, насока Архитектура.
Како Архитектонски техничар работеше во Г.П. Бетон на регулација на Црна Река, и
изградба на фабриката “Фрижидери” во Битола.

На Техничкиот факултет, Архитектонски отсек во Скопје дипломира 1963 година, на тема “Планинарски хотел на Пелистер” кај професор Борис Чипан.
Последните две години од студиите беше демонстратор на катедрата Градежни конструкции кај професор Љубомир Томиќ.

По дипломирањето се вработил во Проектанското биро “Нова градба”, во Битола. Во 1974 година. Бирото се интегрира со “Заводот за урбанизам и стаж проектирање” и тука работел сѐ до исполнувањето на својот активен работен во 1997 roдина, кога е и пензиониран.

Населба Стрелиште

Во текот на својот работен опус оствари голем број студиски посети на повеке земји во Европа, работни посети во поголемите проектантски куќи во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и др., каде разменувале искуства и истите ти применувал во нашата средина. Во последно време се занимава со анализирање на тековните трендови во Архитектурата во Република Македонија, а посебно во Општината Битола.

Пелагонка 1, 1991 година

Покрај наведените објекти се занимавал и со проектирање на индустриски објекти, од нив се издвојуваат индустрискиот комплекс “Металец” во Битола
“Ферм завод” за Монополот во Битола, дистрибутивниот центар на Јавор” во Битола, производната хала “Битолатекс” во Битола, земјоделски објект во склоп на ЗК”Пелагонија” Битола, населба “Стрежево” с. Нижо поле, Битола.

Објект на Завод за урбанизам и проектирање, 1985 г.

Комплекс Мирка Гинова, 1990 г.
Колективна зграда Нова Битола
Деловен објект Нова Битола, 1987 г.
Стамбено деловен објект ул.Едвард Кардељ,1989 г.
Колективна стамбена зграда на Партизанска

Стамбено деловен комплекс Кланица

Стоковна куќа Јавор

Пелагонка 2,1997 г.

Основен Суд 1970 г.
ОУ Климент Охридски 1988 г.
ЕМУЦ Ѓорги Наумов 1988 г.
Стопанска Банка Битола 1979
ОУ Елпида Караманди 1984 г.

Макошпед 1996 г.
Стамбени згради на ЈНА, 1983 г.

Неговиот творечки опус зафаќа остварувања во сите фази на современата архитектура на втората половина на 20-тиот век. Посебно карактеристично за неговото творештво е тоа што претставува еден од најреализираните автори проектанти во Република Македонија со над 200.000 м2 реализирани објекти, деловни објекти, училишта, стамбени згради и др.