Бабам Битола,Битола стари фотографии, Градот на конзулите и Тера ТВ понеделнички и заеднички ја започнуваме новата февруарска недела со слики од стара Битола. На сликата е Широк Сокак, поточно некогашната книжарница на Илија Иванов која се наоѓаше на самиот агол, сегашна продавница за чевли или подвожњак кај Краш како што го знаеме ние битолчани. Изгледот на објектите од фотографијата е карактеристичен за време пред и послем Втората светска војна се до поновите 50,60 години каде имотот се национализира и се изгради Хотел Македонија.