Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. Следната фотографија е многу ретка фотографија и на неа во преден план се гледа еден дел од некогашниот Житни Пазар (сегашна стоковна куќа Јавор) и тоа мала експозитура на Солунска Банка (Salonik Bank), додека во позадина е воочлива најстарата Ески (Стара) џамија која беше прва џамија изградена во Битола.

Од сето ова на фотографијата ден денес ништо не е зачувано, останат е само дел од трезорот на споменатата банка кој на никаков начин не можеле да го разрушат…