Старите градски фамилии сè уште сакаат „Широк сокак“ да го

нарекуваат „Корзо“, можеби како поприфатлив термин за слободна
и неврзана прошетка по главната улица. „Корзото“ во Битола, кое
било исто на „Широк сокак“ има своја развојна фаза. Како се движеле
определени старосни структури и која била нивната положба зависело
во кој дел од улицата се движеле. Во вториот дел од пешачката зона од
денешен „Епинал“ до „Камен мост“ каде била најголемата фреквенција,
имало свои правила. Знаковната структура на ова корзо, тргнувајќи од
хотел „Епинал“ кон „Камениот мост“ и било поделено во три дела: на
десната страна оделе млади луѓе кои не биле во врска, во средишниот
дел оделе луѓе кои се бирале меѓу себе, на левата страна омажени, кои се носеле „ала брацета“– француски– за рака, или „ангажеа“– под рака. И
во самото „Корзо“ во различни периоди доаѓало до промени: забележано е дека битолското „корзо“ уште во 1936 година претставува место каде се шета без ништо да се работи, не заради чист воздух и прошетка.
Корзото почнувало штом се стемни и се појавувале првите „корзиканци“,
млади момчињa, а потоа студенти и момчиња до 24 години, 30-годишни
кои излегуваат подоцна во точно време. Па се појавуваат „ѕвезди“ со
шушкави фустани, кои се препознаваат по својот социјален статус,богата, скромна, но заедничко им е ставање пудра и кармин. Околу девет часот се заминувало кон паркот „шеталиштето“ каде завршува корзото се одело до Александрово Брдо денеска познато Тумбе Кафе.
Во осумдесеттите години: левата страна била најгусто посетена и
било тешко да се помине, овде се млади луѓе, кои се пробиваат до своето друштво. Групи кои си чуваат свое место, така на пр. беше „зад бутки“, кај Барот, во средината шетаа парови, на левата страни ергени за женење.

Од сеќавањата и пишувањата на Наде Генеска-Брачиќ

Фото непознат извор