Биталон е првиот хакатон кој ќе се одржи во Битола со цел да ја раскаже приказната за старата еврејска заедница на Балканот преку еврејските гробишта “Beit hahaim” во Битола.
Израелското министерство за надворешни работи и Министерството за информатичко општество во Македонија Ве покануваат да учествувате во развојот на дигиталното искуство за посетителите во “Паркот на живите во Битола”, каде што приказната за еврејската заедница имаше главна улога во минатото и ќе има главна улога во својата иднина.

Инаку Хакатон е форум за програмери, при што специјалисти од различни области на развој на софтвер (програмери, дизајнери, менаџери) работат заедно за да решат некој проблем. Денес хакатоните се само програмски маратони. Обично хакатонот трае од еден ден до една недела.

Некои хакатони се дизајнирани за образовни или социјални цели, но почесто задачата на хакатонот е да создаде полноправен софтвер. Секој хакатон се фокусира на одредена област, на пример, програмски јазик, оперативен систем, апликација, програмски интерфејс (API).

Во натпреварот ќе бидат вклучени повеќе тимови каде заедно со вашата екипа ќе можете да земете учество и за трите победнички тимови ќе бидат поканети на турнеја низ Израел. Посета на Ерусалим, Тел Авив, средба со водечките технолошки компании, акцелератори и лидери и посета на културно наследство и туристички локалитети како кулата на Музејот на Давид, Цезареа и многу повеќе.

Повеќе информации и пријавување на
https://www.bitola-hackathon.com/