“Доколку поседувате стари точаци кои не ви се потребни (вклучително и неисправни или на кои им фалат делови) можете да ни ги донирате, а ние ќе се потрудиме да ги оспособиме и да им ги ставиме на располагање на тие на кои им се потребни.

Во минатиов период заедно со нашите волонтери оспособивме 2 стари донирани точаци за да ни служат во нашето секојдневно работење.

Истите ќе бидат ставени на располагање и достапни за бесплатно користење за настаните на Битола на точак.”

ИМКА Битола

Кои се ИМКА (YMCA) Битола?

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна, инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно да работи со нив во нашата средина.

YMCA Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002 година.

Главна цел на здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

Повеќе за ИМКА Битола