Се спомнува уште во 17тиот век.Градена од камен и малтар во кој имало 60.000 јајца.Грандиозна кула која служела и како стражарска кула во центарот на Пекмез пазар. До 1927 со чукање на големи ѕвона се означуваше точното време.Во 1927 се вгради првиот механизам кој во 1936 се замени како поклон од тогашните Германски власти. 

12969291_10154023263633991_1931254615_n

 

Влезот на Саат Кулата…ниска тесна мала врата…Заедно со тие три скали пред неа..и деведесет и седум внатре…

img_20160330_031949.jpg

 …влезот од внатрешна страна…скалите започнуваат одма десно од влезот во Саат Кулата и се многу стрмни и тесни…

img_20160330_031611.jpg

 …вкупно сто скали до “срцето” на Саат Кулата…

img_20160330_032011.jpg

 …скалите се осветлени од природна светлина која влегува од малечките правоаголни отвори на северо-западната страна.. 

img_20160330_031819.jpg

…срцето на градскиот часовник…неговиот германски механизам од 1936 г,кој малце е автоматизиран и модернизиран…и многу прецизен…

img_20160330_031713.jpg

 …големите и малите ѕвона…вкупно 15…поврзани за синхронизирани отчукувања со што се создава програмираната мелодија… 

img_20160330_031633.jpg

…теговите кои со кои се “курдисува” саатот…од 30 м.па надолу… 

img_20160330_031756.jpg

…големото звоно… 

img_20160330_031735.jpg

…натпис од фирмата изработувач… 

 

img_20160330_031926.jpg

…заднината на стрелките на градскиот часовник кои се движат со запчаници… 

img_20160330_031844.jpg

…преносот на главниот запчаник со споредните за синхронизирана поврзаност на сите стрелки на сите страни од часовникот…скалата и отворот за прекрасниот поглед на градот… 

13016559_10154023275508991_1651952255_o

…крстот како обележје на ѕвоната…

12986418_10154023275513991_34834884_o

 …годината на производство 1936… 

12992798_10154023280218991_602241969_n

…старото пијано со кое се свиреле и изведувале некогаш мелодиите кои ги “пеел” градскиот часовник… 

13016662_10154023275528991_461199511_o

…надворешноста покрај оградата…

12988084_10154023296258991_1115753896_n

 

 …страшен поглед од 30 метарската кула и многу тесен простор со ниска ограда… 

12980704_10154023275553991_1387180110_o

…поглед со кој се чуствуваш како да си турист дојден за првпат во Битола,како да не си битолчанец…доживување кое и покрај тоа што врнеше е неописливо и возбудливо,восхитувачко и запамтиво…

Има можност во еден дел од Саат кулата да се постави и лифт за една особа со што овај поглед би бил достапен за сите нас битолчани и туристи кои доаѓаат во нашиот град …

Пред вас е една појасна слика за нашата Саат Кула.Се надеваме дека барем малце ја задоволивме вашата љубопитност и во исто време заедно со нас ја запознавте внатрешноста, непознатото и убавината на Саат кулата во Битола…бабам Битола…благодариме

 

Најголема благодарност до Валентино Јанакиевски кој ни го овозможи да Ве запознаеме со сето ова и да го паметиме за цел живот….

2 COMMENTS

Leave a Reply