1. Посетата на црквата св.Димитрија во саботата спроти Велигден и ѕвонењето на камбаните во 00.00 часот, послем што се кршиме со јајцата велигденски…

2.Палењето на свеќи кај Паркот во Битола…

3. Широк Сокак и сите битолчани на него…

4. Пивото од лименка од кај Мара или виното наливно…

5. Поздравувањето со моите другари и пријатели на Широк Сокак…

6. Мојата фамилија и заедничкиот неделен фамилијарен ручек.

7. Салатата Мимоза и домашната ракија од длабокото…

8. Заедничкото и групно кршење со јајца на нашите дечиња и внучиња…

9. Новите патики или чевли/чиња, кошулчиња…

10. Посетата на Зоолошката…

11. Шетањето низ шеталиште и Тумбе Кафе со расцутените јорговани…

12. Тостот кај Бомбата на Шеталиште…

13. Возењето на количиња кај Скантата.

14. Сеќавањата и спомените од секоја година кои се различни едни со други

15.Мирот и спокојноста во недела после ручек…