1.Поради подземните вулкани. Самата Баба планина не потсетува како на еден голем вулкан, па можеби и во Битола има мали подземни вулканчиња кои не загадуваат.

2.Поради чадот шо иди од запаленото ѓубриште во близината на Ресен.

3.Поради тоа шо одамна нема дувнато ветер.

4.Поради фактот шо битолчани уште надвор пушат цигари, а не внатре како во цела Македонија.

5.Најверојатно многу се пуши од та зелената, ајдучка трава зато е толку зачадено. Чудо големо барем се луѓето насмејани.

6.Поради чадо од запаленото ѓубриште во близината на Прилеп.

7.Поради мерните станици кои се поставени во Битола. Нив да ги немаше и загадување немаше да има.

8.Поради фактот дека многу луѓе се иселија, тие шо останаа се под голем стрес дури да заминат и да ги допушат цигарите, оти странство скапи се.

9.Од чадо шо иди од Кожани термоелектраната. Грците намерно не чадат.

10.Митровден прасето го заклавме и моментално се чадат колбасите.