На натпреварот во саботата помеѓу РК Вардар и РК Металург кој се одржа во реновираната спортска сала Младост во Битола, битолчани беа сведоци на еден немил настан. Имено ракометарот од Металург Обрадовиќ  со повлекувањето кон клупата за одмор и резервни играчи, од негови ИКС причини беспотребно изрази револт и со удар го откорна едно од новите зелени столчиња. А столчиња се таму наместени за баш тие да седат како луѓе и прави господа, во нашата скромна сала, градена од самопридонесот на нашите родители… 

За причините претпоставуваме дека :

1. Само се потпре…

2. Неубо било заштрафено…

3. На неќење беше, извинете…

4. По мува мавал…

5. Не го виде, наеднаш со трчање му излезе пред него…

6.Арно клупи беа, шо му текна сега столчиња?…

7. Среќа шо не беше железно…

8. Здравје, можеше и полошо. Послем него можеа сите да ги откорнат и општа туча да настани…( hardcore level )

9. Шо Ви е гајле, негова работа!

10. Демократија јеб*га…

Текстот е од забавен но и воспитно образовен карактер и можи слободно да го превземате, споделувате и коментирате при тоа истото Вие повторно да не го направите…