Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на св. Архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на св. Архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Црквата св.Архангел Михаил се наоѓа во месноста Баир во Битола во непосредна близина на Кркардаш.