​Хотелот “Балкан” во центарот на градот или битолчани како што го знаат хотелот на Тиро-рогозинаро. Го изгради Тодор Здравков по потекло од Церско некаде на почетокот на 20ти век. И ден денес преставува доминантна градба со визбени и приземни простории како и два ката. Има тврда градба, руски свод, исти фасадни елементи што ги красат околните објекти, граден во последните децении од османскиот период. 

Грандиозната големина на хотел “Балкан”

Бил познат и како хотел „Загреб” за време бугарската власт. Кога хотелиерството паѓа во криза Сотир се преориентирал на меанџилак, во подрумот имало винарија и пивница како и ресторант. На горните два спрата имало хотелски соби а најгоре живеел Тодор со  неговата фамилија. За време на Првата светска војна хотелот бил погоден со граната која за среќа не експлодирала. Во делот до него се произведувале и продавале рогузини од каде и доаѓа познатото име на еден од неговите синови Тиро, “Тиро-рогозинаро”. Познат бил меѓу битолчани како сопственик на првиот автомобил во градот кој бил од марката Форд.

Влезот на хотел “Балкан”

 Во почетокот на ХХ век хотелот служел и како собиралиште на македонските војводи. Забележана била средба меѓу војводите Алексо Стефанов, Павел Христов и Васил Свештарот од с. Рамна, Битолско. Таа се случила по влегувањето на српските војски во 1912 год. . Во 1943 год., по капитулацијата на Италија, биле сместени италијански заробеници а потоа и чета од партизанската војска. Подоцна го користат и бегалци од Егејска Македонија. Во првите години по Втората светска војна хотелот бил национализиран.

Хотел и пивница “Балкан”

Хотелот “Балкан” е заштитен од Заводот за заштита на историски споменици и заедно со хотелот на Јовковци, хотелот и анот на Бојаџиеви, Ленски Ан, Буковски Ан, целата улица покрај десната и левата страна на река Драгор играат голема улога во репрезентативноста на нашиот град Битола. Сите тие вкрстени со Ленски мост и улицата на Ановите даваат еден оригинален и природен градски изглед на некогашната убавина на Бабам Битола, а ние пак ќе речиме УБАВИНА И РЕТКОСТ која заслужува да биде обновена и реставрирана како што се случи со делот од Широк Сокак…
Голема благодарност до Жанета Каневче и проф.А.Стерјовски со книгата “Драгор” кои ни ја оформија ова приказна за ние полесно да Ви ја преставиме вас, да остани барем еден спомен од Конзулска Битола за сите нас и идните генерации. Другото го оставаме на времето и надлежните. Ви благодариме….