Битолчани на несекојдневен начин знаат да направат добредојде на оние личности кои им значат најповеќе и ни недостигаат на нашиот град. Еден меѓу нив е Љупчо Јовановски викан Чукаро кој веќе неколку години живее во Вестервил, Охајо, Америка и на кој заслужено, неговиот другар Пеце му направи едно ГОЛЕМО изненадувачко добредојде! На самиот Ленски Мост! Инаку нема битолчанец на кој Чукаро не му има поддадено рака а да му треба помош во далечната Америка. ДОБРЕ НИ ДОЈДОВТЕ ЧУКАР!

Фотографијата е монтажа на Пеце Поповски и е еден пример за тоа колку многу си ги почитуваме нашите битолчани кои ни недостигаат и се далеку во туѓина.