УТРЕ РАНО САБАЈЛЕ ЕДНО ГОЛЕМО “УРА” ЗА СПАС НА НАШИТЕ БЕЛИ ДРОБОВИ-СПОДЕЛЕТЕ, ДОЈДЕТЕ, УЧЕСТВУВАЈТЕ!!!
“Ситуацијата на теренот е комплицирана али сепак е под контрола…
Најголемиот ,,НЕПРИЈАТЕЛ,, е ветрот кој правците на дејствување ги менува од минута во минута. Вечерва на терен остануваат 35 гасначи од ТППЕ, ДЦС, ПЛАНИНАРИ, организирани доброволци и вработени од Н.П Пелистер, под контрола на раководни лица од ТППЕ. За утрешниот ден се делува во зорите за да го ставиме и уништиме истиот. Со Господ напред се надеваме дека истото ке се направи….
Командир на ТППЕ Костадин Поповски
Споделете, учествувајте, поможете!!!
Местото е оддалечено на околу 2~3 саати пеш или 1 саат со возило. Паркирајте го вашето лесно возило кај на Лазо Вилата и упатете се по земјениот пат кој е во нејзина близина. Доколку имате теренско возило продолжете по него или ако има повеќе доброволци вратете се пак и донесете ги на лице место.
За Баба, за Пелистер, за БИТОЛА!!!