Стариот театар во Битола бил на местото пред сегашниот Дом на култура,на плоштадот Гоце Делчев.Првобитното решение беше наводно темелно реновирање и во негово продолжение да следи Домот на културата кое никогаш не се примени.Изграден од Абдул Керим Паша на почетокот на 20ти век на место од стари турски гробишта и покрај големите негодувања на локалното турско население. Постарите битолчани и денденес носталгично се сеќаваат на зградата на “битолскиот Народен
театар”.Таму на 14 ноември 1944 година за првпат на македонски јазик е прозборено во едно драмско дело.Зградата била главно собиралиште на битолчани, кои, пак, се познати по својата љубов кон театарот и истанчениот вкус за уметност.
Стариот театар е рушен во 1980 година.

фото Непознат извор