​Слаткарница со европски имиџ 
Дека слаткарницата имаше европски имиџ може да се наведат барем два факти. Ѓорги Пешка (веќе) соработуваше со и прочуената слаткарска фамилија од Виена Кулер, од која ги земаше рецептите за тортите и марципаните, кои се уште се тајна на фамилијата. 

Од друга страна, моделите за слатките, беа ексклузивно право на фамилијата Пешка на потегот од Белград до Солун.

Со таков углед и моќ, големиот слаткарски мајстор Пешка, своите синови ги носеше низ Европа, а секоја година на задолжителни дегустации во Милано, Веч и Париз. Постариот син Михајло го наследи занаетот и стана талентиран слаткар, а помалиот Петар учеше комерција на француски колеџ. 

Тука на ова место, откаршија Папакоч на Корзо, некогаш била слаткарницата Милка

Како стана слаткарницата на Пешка една од најпрочуените на Балканот? 
Според Алеко, синот на Петар, начинот на послужување беше во француски стил невиден дотогаш на овие простори. Имено кога доаѓаа гостите покриени со стаклено, на гостите им се носеа експонати од 40 видови слатки за да си направат избор а потоа беа послужувани од витрините. Слаткарите Пешка први донесоа витрини за ладење, па фрижидери и миксери за сладолед дури од Шведска. Мраз во ерата без фрижидери добиваа од Ореово а путер од Кременица од биволско млеко. Слаткарницата имаше 60 асгали со мермерни плочи од Родос. Сладоледот се служеше во чаши за шампањско, а го имаше летен и зимски. Зимскиот прочуен сладолед беше правен од крем и варен костен, со чоколаден прелив. Пешка за овие големи специјалитети соработуваше со “Нестле“ и “Унион”. Поради амбиентот услугата, квалитетот и имиџот слаткарницата на Пешка беше место на случување за многу љубовни стории меѓу кои и на Мустафа Кемал Ататурк. Слаткарницата била врталиште на многу познати личности, како Јанаки и Милтон Манаки.

Дури има и една анегдота со некој германски генерал од 1943-44 година кога се повлекуваше германската армија од Грција .Тој бил воодушевен од слатките.Купил големо количество го платил но при дегустацијата во слаткарницата марципанот го изел со целофанот. 

Првата слаткарница на Пешка беше во близина на сегашниот хотел “Епинал“. некогаш до хотел “Босна” во периодот од 1887 до 1915 година. По првиот пожар 1916 г.целиот објект се реконструира и доби друга димензија. Вториот пожар беше 1939 година а објектот е рушен 1944 година кога се градеше плоштадот “Гоце Делчев“. Последна слаткарница што ја имаше семејството Пешка беше слаткарницата “Милка“ на Широк Сокак наспроти Папакоч. Тие приватно работеа до 1948 година а потоа десетина души од семејството  Пешка беа вработени во државната слаткарска фирма Јагода. 
Тоа беше можеби крајот на големата слаткарска традиција на фамилијата Пешка. Петар Пешка доживеа старост од 81 година и почина 1987 година а брат му Михајло во 1996 година. Михајло (според внукот Алеко) беше најголем слаткарски мајстор на Балканот. Тој а пред тоа и татко му, изградија европски имиџ и стандарди на битолското слаткарство, што и ден денешен Битола ги нема. Мајсториите за волшепствата на марципаните. тортите, слатките и сладоледите, денеска се уште се чуваат како семејна тајна…

(продолжува)

Пеце Стефановски “Битолски весник”