“Сали мостот” своето име го добива по Сали,Македонец-муслиман од Голо Брдо,1953 г.иселен во Турција,кој во негова непосредна близина имал отворено слаткарница…

12072541_1471309269845147_1189643526675046913_n

За Сали мостот ни раскажаа-

Битолчанецот Владо Стојанов :

“Јас растев како дете кај Чифте фурни. Бидејки продавницата на Сали беше блиску, често ме пракаа родителите да купам по нешто од кај Сали. Колку што се секавам најповеќе јогурт, кој добро се сеќавам беше толку дебел да го сечеше со нож и го ставаше во пајнцата или тенџерето на тој што купуваше. Со татко ми беа добри пријатели. После неговото иселување во Турција, татко ми научи дека живее во градот Бабаески, по патот за Истанбул беше после Едрење некаде. 1971 или 1972 година одејки за Истанбул решивме да одиме во Бабаески и да пробаме да го пронајдиме Сали. Така и направивме, се распрашавме во градот за слаткар Сали и имавме среќа да скоро веднаш ни го покажаа патот до неговиот дуќан. Многу се израдува кога не виде а посебно татко ми, се разбира паднаа солзи и од двете страни за минатите времиња. Не части се разбира со по некое слатко и боза и ни кажа дека добро се снашол таму во Бабаески. Децата исто така биле добри со работа а тој мислам дека заедно со децата, ни кажа дека произведува по околу 2-3000 баклави секоја недела за потребите на војската, изгледа имаше некоја касарна во близина. Ете тоа се моите секавања за Сали слаткарот по кој и ден денес се нарекува мостот. Слаткарницата негова беше, кога ке одиш од мостот према селската аутобуска, веднаш десно на ќошот. Постои и денес!!!!! 🙂
Битолчанката Лена Врклев :
” Исто и јас живеев таму,Ние бевме кај касапницата, нивите кај ширината на Коприновци,нивите кај Ајдарот што носеше ќумур.Со колата Цапарци ракија што вареа и Зајакот јајца шо продаваше, ако некој се секава на ова. За сладолед кај Сали стално бевме таму штом ке дојдевме до некој денар бабите и дедовците кога ке ни дадеа. Тие беа многу многу убави времиња што ги поминавме како деца (останаа само успомени посиромаси бевме али весели бевме)
Весна Чавдаровска:
” Јас живеев на улицата Браќа Миладиновци . Често ја посетувавме слаткарницата. Се сеќавам на неколку млади момчиња кои постојано седеа на оградата од мостот и свиреа мексикански песни, а ние бевме деца и одевме секоја вечер да ги гледаме. Тука во билизина на самиот агол кога се врти за кај пазарот имаше меана, се викасе на Симе меанчето. Тоа беа педесеттите години. Би сакала сегашните млади да се дружат меѓу себе како нас . Нашето детство беше најубаво. Се играа разни игри бидејки немавме компјутери и видео плеери. Игравме народна топка, челик, чомак,џамија и ред други игри. На мојата улица имаше двајца браќа едниот свиреше со гитара , а др. хармоника па ноќе до 10 ч. седевме пред портата на Пупучовци на камења и пеевме…

Доколку некој од вас го носи патот накај градот Бабаески во Р.Турција,слободно доколку е во можност нека го посети слаткарот Сали и неговата фамилија. Да го поздрави од сите нас битолчани и од нашата убава Битола напоменувајќи дека мостот сеуште го има задржано нивното Име. 🙂

 

20160815_171139.jpg