Виктор А.К.А. Башлак

Руското влијание во Македонија секогаш е присутно, сакале ние да признајме или не. Тоа најчесто се појавува, односно најповеќе е присутно околу најголемите Христијански верски празници, Божик, односно сите пред и после новогодишни празници и нормално Велигден и велигденските празници.

Владата на Република Македонија очекува после новогодишните празници да се намали Руското влијание во Мекедонија, а со тоа да оствариме напредок кон Евро Атлантските интеграции, со влез во НАТО уште во Јуни и со добивање на датум за преговори за влез во ЕУ. 

Ете да потврдам дека кај нас дома пред нова година негде кај 30-ти Декември се осеќаше зголемено Руско влијание, ама по препораките за намалувањето на Руското влијание, мајка ми му пушти на Марче и на Спанаќо за Сараево од Руското влијание и на Иљо и на Млекаро за Будва, а за остатоко се погриживме ние дома шо останавме, за денес скрос да се ослободиме од Руското влијание. 

Очекувам уште еден атак на зголемено Руско влијание кон 6-7 Јануари ама максимум до 10 Јануари ќе го сведиме на нула и ќе се куртулиме од тоа Руско влијание. 

Руското влијание најчесто се комбинира со кифли, а за пијалок ви препорачуваме бело вино, ако е сортно тогаш пијте го чисто, ако е од матичните вина, смедеревка, македонско бело и сл. прајте му шприцер, а исто многу одговара и добра ладна домашна ракија не појака од 55 степени, се шо е над 55 степени лошо се одразува во пределот на потколениците, нема да можите да станите од столо. а и ќе треба да ве вози жената, а жена шофер е како пијан таксист на веспа . 

Руското влијание можи да се појави во две варијанти, првата за која погоре во овој текст ви препорачавме и начин на конзумирање е така наречената Руска салата, а додека втората варијанта е блага варијанта т.н. Руски капи. Воглавно тое падниспања потопена во шербет и кокос на врвот. Препорачуваме ваквото Руско влијание да го намалувате заедно Турското влијание, односно со добро кафе и ладна вода. 

Драги мои, имајте преубави празнични денови, сакајте се и бидете тука едни за други, држете се, дружете се и сакајте се, оти ако не се сакате џабе се дружите, а и сам не се намалва ни Руско, а ниту било какво Турското влијание, баклава или кафе.

Среќен Божиќ и Божиќни празници. Поздрав