Во годините помеѓу Првата и Втората Светска војна и нашата Битола имала свој Резил Сокак.Најпознатите локали со чупина и забранета љубов се наоѓаа во сегашната улица кај Ѕвончарите. Следејќи ги трендовите како повеќето поголеми градови во Македонија и светот така и битолчани си беа “модерни” имаа свои “дувла” каде малку барем ќе можеа да влезат во светот на безгрижниот живот, лудата забава и купување на љубов. И тоа тогаш преставувало”тренд”. Според најголемиот битолски хроничар Д.Д.Такец во неговата книга “Перформансите на Широк Сокак” сите се точно објаснети,од кои Ви преставуваме еден дел и тоа:

“Бумс“ беше елитна кафеана што ја држеа ортаците Панде Велушецот и Ташко Крушевчанецот. Во ноќните часови тука идеа истакнати битолски имиња, професори и сите со вишок енергија, односно луѓе кои бараа мелем за своите „љубовни рани“

„Венеција“ популарно позната по втор квалитет на оркестри и ноќни убавици. Тука комотно се чувствуваа и парајлиите и амалите, професијата е професија.Од што произлезе поговорката во битолската швалерска публика„плати па клати“. Веројатно Луѓето заминуваа среќни и со чувство дека се возат на гондола, на што илузираше насловот Венеција.

„Марс“ беше кафеана наспроти „Венеција“ и даваше повод наспроти претходната „романтика“ луѓето што влегуваа во неа да се чувствуваат воинствено како потврда нa одредени големи филозофски имиња дека „односот маж жена е борба на кој ќе победи”.Тоа чувство ја правеше оваа машка популација дека е ешалон на богот Марс.

„Плуг“ контра двете претходни кафеави метафорчно асоцираше на нива и ора.Лоцирана во чаршијата, поправо до самиот Мас пазар. „Плуг“ секогаш сметаше дет спечалените пари од продадени производи можат да бидат употребени и за задоволств Всушност, принципот во смисла „Дај дам во кеш“ тука беше обезбеден. А за тоа чупињата беа тука.

„Кај Чика Тоше на ќоше“ беше кафеанче на аголот наспроти хотелот „Солун“, држеше Тошо Нишлијата. И со музичката понуда и со квалитетот на чупињата, може дa се рече, дека кафеанче беше последно секси „дарување“. Во смисла „на евтиното не му гледаат забите“.

Гранд хотел „Америка“ беше поголема кафеана со сцена за оркестар и хотел.

„Пролет“ зграда на адвокатот Васко Николовски, лоцирана наспроти касарна (денес „Партизанска“ улица).

Во врска со оваа кафеана битолчани измислија хумористичен куплет кој во исто време предупредува. Еве ја таа содржина по сеќавање:

Во Битола ,Пролетна кафана

тука креват нозе до тавана

офицери и подофицери

ремоваци и други одсои

на Ред чекат во тешкиот бој

лево десно напред назад стој

после три дни чекај трипчо ој !