Петар Милошевски беше голем човек, спортист и хуманитарец. Пред кобната несреќа, поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентација учествуваше на една хуманитарна акција во Куманово. Тоа било ревијален фудбалски меч меѓу фудбалските ветерани од Куманово и од цела Македонија, за собирање финансиски средства за болниот кумановец Никола.

Петар на овој меч не бил голман, играл во нападот. Ова е неговата последна фотографија…

Извор Спортмедиа