Во свечената сала на горниот спрат се приредуваа т.н. сини забави,при што дамите обврзно биле облечени во прикладно сини тоалети и обувки со иста боја,а мажите во тегет-чивит костуми за офицерите и дипломатски сакоа со пругасти пантолони,обврзно шиени од битолскиот “Прчко” кај градскиот саат.Тука се приредуваа и костимирани-маскирани забави.

Битолчанката Калипсо Налча,првата жена школуван диригент во Македонија тука имала настапувано со учениците од Гимназија кои свиреа на усни хармоники…

Сеќавањата на Такецот опишани во неговата книга “Перформансите на Широк Сокак”