OTTOMAN BANK BITOLA, OSMANLI BANKASI BITOLA
 Објектот е изграден во доцниот 19 век како Отоманска банка и како таков беше користен до 1912 год. По Првата светска војна стана француско-српска банка, а во текот на Втората светска војна, Земјоделска Банка. По ослободувањето во објектот во одреден период беше печатницата “Киро Дандаро”, а подоцна доаѓа “Стопанска банка”, односно зградата ја имаше истата функција која ја има  и денес.
Стилските елементи му припаѓаат на француските секционистички фасади кои се богато украсени со слики од украси на стилизирана флора распоредена  на сите делови на фасадата.

Сексионистичкиот стил се гледа  и во богата декорација на фасадата поврзана со ковано железо во деловите на прозорците, терасата, портата, взаемно со големи стаклени области и примена на керамички украси.

Објектот е еден од најубавите примери на архитектура во градот Битола, каде што и покрај сецесионистички елементи на фасадата, исто така, се присутни ренесансата и барокни елементи.

Портата на Отоманската Банка го има приматот за најубаво украсена и стилски компонирана порта во градот Битола. Феудалните односи во Македонија за време на турското владеење во сферата на банкарството го носеле печатот на спецификите во верската традиција. Имено, според учењето на исламот , за муслиманите се смета недостојно да се занимаваат со банкарски (посебно лихварски) работи. Затоа овие работи биле препуштени да ги вршат луѓе од други вероисповести.

Во Македонија најмногу со банкарски работи се занимавале евреите , кои помасовно почнале да доаѓаат од западно-европските земји, како резултат на прогонувањето оттаму. Во тоа време во повеќе градови во Македонија се формирале еврејски општини. Преку трговијата, особено преку организирањето панаѓури во поголемите градови, успеало да навлезе паричното стопанисување. Со потпаѓањето на овoј дел од Македонија под ново ропствo престанале да постојат филијалите на две турски банки во Скопје и Битола.

 Филијалите на Отоманската банка ги презема една француско-српска банка која отворила свои подружници во овие градови.

Фотографија на Димитрије Гиновски-Гина

Една од интересните легенди за Отоманската Банка е онаа дека биле скриени два тона злато во прачки, сопственост на Отоманската банка во Битола кое било закопано покрај Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово, при повлекувањето на Турската војска. Другата попозната легенда е за нејзиниот голем грабеж од страна на Ајдутска банда која по големата и исцрпувачка потера не беа во можност да го зачуваат својот богат плен, голем број на златници беа приморани да ги истурат во некоја од пештерите кај Солунска Глава со цел да се спасат и побрзо да се движат. 

За нив ќе пишуваме во друга прилика…