Петти, шести и седми ден низ рововите од Македонскиот Фронт. Предел во кој има големо изобилство и богатство од предмети, ровови, фортификациски објекти, стари олупини останати од Првата светска војна. Долж самата граница од Р.Македонија со Р.Грција. Од Кравица преку преминот Пулевац до Козјак. На крајот не фати големо невреме со страшни грмотевици, исто како плотун од гранати да паѓаше врз нас… А ние засолнети во рововите… Настапи примирје. Времето се стабилизира. Да преспиеме на отворено и утредента продолжуваме према Гевгелија…