Француската актерка, супермодел на Викторија Сикрет Лаетитија Каста (Laetitija Marie Laure Casta) од петок доаѓа во посета на нашата Битола. Таа игра во една од главните улоги на играниот филм „Зад хоризонтот” (Le Milieu De L’Horizon) кој ќе се снима во околината на Битола од 20-ти до 24 јули 2018 г.

Филмот е во режија на Делфин Лерисе, копродукција е меѓу Швајцарија (Box Productions) и Белгија (Entre Chien et Loup) и е финансиски поддржан од Европскиот филмски фонд-Еуримаж.