​Работниот колектив на метало-преработувачката индустрија „Металец“ постигна, уште еден голем успех: изработен е прототип на нова, машина за миење садови. Новиот производ „Автоматик 78“,чие сериско производство се очекува да отпочне во јануари идната, година, изработен е со сопствени сили, така што тој претставува целосно производ на битолски„Металец“. Прототипот на „Автоматик 78“ има капацитет за миење на комплетен прибор за шест лица, односно садови до тежина од 25 килограми. Машината е потполно автоматизирана, така што во неа може да се стават садовите а потоа да се остават сама да ги измие. Откако ќе заврши миењето, машината само се исклучува. Co ладна вода, миењето трае 40 минути, а со затоплена дури помалку on 20 минути. Сопствената тежина на машината изнесува само 20 кгр. и таа може да се прицврстува на ѕид или на фрижидер. Значи, пригодна, за секакви кујни. 

„Автоматик 78“ беше изложен на Загрепскиот есенски велесаем и за него се заинтересираа многу , трговски претпријатија од земјата и странство.Во Југославија досега не се произведуваат машини за миење садови. Тие се увезуваат и чинат 500.000 динари. Меѓутоа, нивната висока цена ги прави недостапни за поголем број домаќинства,. Битолскиот „Автоматик 78“ ќе чини 120.000 динари и со тоа ќе може да влезе во сериско производство…

“Битолски весник” 1967 г.