Еурофарм Работник денеска (19 часот) го пречекува Филинген Берген во првиот двобој од осминафиналето на Челинџ Купот. Ракометарите на норвешкиот тим во Битола пристигнаа синоќа, па единствениот тренинг го одработија утринава.

За новиот европски предизвик, Еурофарм Работник очекува максимална поддршка од трибините. Десниот бек Михаил Петровски смета дека Филинген е добро анализиран и тој и неговите соиграчи ќе одат на победа.

„Квалитетите на Еурофарм Работник ми беа познати и знаев дека доаѓам во прифесионална екипа. Нè очекува типично скандинавска школа, екипа која сака многу голови. Нивна најсилна страна се средниот бек и левиот бек Лунде, кој е најдобар стрелец. Имаат само скандинавски ракометари, не се баук и верувам дека можеме да им се спротиставиме. Подготвени ќе го дочекаме дуелот в сабота и ќе се погрижиме оваа европска приказна да продолжи и понатаму“, изјави Петровски.

Извор Спортмедиа.мк