Во убавото детско летовалиште сместено во боровата шума на Пелистер секоја година летуваат над илјада деца. За основците кои тука минуваат петнаесет мошне пријатни дена особено радост преставува средба со елените. А елените, како и сите шумски животни не се така питоми за да се прилагодуваат и во средина на луѓе. Но “еден” сосема се разликуваше од другите.

Фотографијата на Перица Поповски, извор Битола стари фотографии

Тоа беше еленот Mapкo. Toj беше постојан гостин во детското летовалиште. Секој ден доаѓаше во одмаралиштето  и тоа точно на пладне кога овде се делеше ручекот и попладне во определеното време за ужина. Децата секогаш со нетрпение го чекаш својот гостин, го галеа и му се радуваа. Но минатата година, по летната сезона, некој несовесен ловец пукал на Марко и го ранил во rpлото. Едномесечното нeгување во Зоолошката градина во Битола не помогна и Марко подлегна на раните. Децата што за прв пат годинава се најдоа во детското летовалиште на Пелистер мошне се разочараа кога дознаа дека Марко веќе не е жив, а тие толку слушале за него од своите другари што порано летувале тука и така силно и нестрпливо ја очекуваа средбата со ова питомо шумско животно.

Марко фотографиран кај мензата

Но, за чудо, не поминаа неколку дена од веселата врева на предновогодишната смена во детското летовалиште, кога во близината на кругот се појави еден елен. Радоста на децата беше неизмерна. Постарите се потрудија уште повеќе да го спитомат новиот љубимец на децата, кој секако тука бил привлечен од пријатните детски гласови. Новиот гостин беше веднаш , нахранет и крстен. Доби име Марко. Првиот ден Марко се чувствуваше малку нелагодно и се држеше понастрана од децата. Непостоја долго. Од како ја изеде храната што му беше ставена на чистата трева го напушти одмаралиштето. Но утредента пак се појави во кругот на одмаралиштето. И од тогаш Марко е постојан гостин на ова одмаралиште. Доаѓа како и неговиот покоен „брат“ секогаш во исто време: на пладне во 12 и попладне во 16 часот кога во одмаралиштето се дели храна. Децата неизмерно му се радуваат, го галат и се фотографираат со него.Тие се многу среќни и секако за овие необични средби со спитоменото шумско животно долго ќе им раскажуваат на своите другарчиња, а тие ќе посакаат веќе идната година да дојдат тука во Детското летувалиште на Пелистер и тука да се сретнат со нивниот миленик Марко.

Ристо Невеновски “Битолски весник