НЕДЕЛА

Недела е вечер, а јас си седам дома,

Го гледам оној филмо Сталоне ко ќе е во кома.

Низ џамо јас се пулам, магла има јака,

А и почна да ме фаќа голема мака. Женската еве вчера ми се скара,

А бившата одамна веќе не ме бара.

Каде ли да одам во Недела ноќе,

Негде кај шо има девојки поќе.

Воздухо бил загаден Чулако ми кажа, Вервајте луѓе тоа не е лага.

ќе свртам еден крук низ пазар и во парко, ќе поминам на Широ Сокак таму е брат ми Марко.

И така вечерта ќе помини ито како,

Утре е пак Понеделник леле мори мамо !!!

Виктор А.К.А Башлак

Нема некој кој ги нема прочитано хумористичните текстови на битолчанецот Виктор Јосифовски на најгледаните македонски веб и фејсбук страни. Нема нешто што е напишано на “битолски” дијалект а да не го забележите и едноставно заради него “паѓате” од смеа и барате кај е дугмето “share” за први да споделите. Токму тие текстови се на нашиот битолчанец Виктор, Виктор А.К.А. Башлак како што тој милува да се потпише, една вечито ведра, насмејана и позитивна личност. Од “Маките на еден келнер во Битола” до ” 8ми Март за учителките во Битола”, “Недела во Битола”, “Сведоштвата на еден брусничанец” и многу, многу други… Покрај неговото пишување докажан е и во живо како стендап комичар пред огромна маса на луѓе за време на неговата апсолвентска забава од Правен Факултет Битола но сеуште немаме негови YouTube епизоди или кратки STAND UP комедии. Битола е расадник на таленти а Виктор Јосифовски А.К.А. Башлак е еден пример плус кој значително допринесува со промовирање на нашите згоди и незгоди, типични битолски секојдневија. Голема подршка од нас, што би рекле “Знајш како треба, ти си убо дете од градо на конзулите”…

ЕДНО ЧУПЕ

Запознав едно чупе од неодамна и многу, многу други и многу ми се бендисва, ама неќев да му пишам прв оти ми се напрај филм дека тие друкарките алапачите ќе јадат лајна дека сум мањак… Тера вара извесно време таја ми пиша прва “Хеј”…

После то Хеј, следеше делириум, пукав огномет, бакли палев, трчав низ куќа, ојдов до кај Жежо ја почастив цела кафана, се изгушкавме со дедо ми се избацвавме, со баба ми испланиравме за свадбата кој ќе дојди, кај ќе седи, се јавив кај Боемите дали се слободни, од кај Дадо покани порачав.

И од ко се среди се го земам телефоно и му враќам “Здравооо”…

Оти демек морало да глумам КУЛ и сеа етене пак од почеток !!!

-Наравучение : Ако ви се бендисва некое чупе или ако го сакате, па кажете му бе суртуци едни, не туку се прајте глупи…

Виктор А.К.А Башлак