По подолго време продолжуваме со објавување на специфичните зборови од битолскиот говор. Искрено рубриката сакавме да биде подржана од некоја фирма битолска Х, битолско Y или битолски Z и слично но не наидовме на некој посебен интерес и продолжуваме самостојно…

  Како битолчани една од нашите главни одлики со која од другите во Македонија се разликуваме е нашиот специфичен битолски говор,кој моментално е подзаборавен.

Битолскиот говор е сублимација од македонски, турски, влашки, еврејски, ромски, албански искричења и метафори кои заедно и меѓусебно де поврзани и се добива една совршена слика за духот на Битола во одреден период на богатата историја, збогатен со унгарски, германски и француски термини како спомен од нивното влијание во Битола за време на двете светски војни, како и од новите зборови од повратниците печалбари.

Ова е третиот дел на едно поглавје од рубриката “На битолски…”која и вие како битолчани имате можност слободно да надополнувате со цел истиот тој да се запамти и не заборави…една од поголемите желби на Димитар Димитровски Такецо кој и прв во нашиот град го започна и објави битолскиот зборен фонд од посебен градски жаргон, како некаков таен код кој е наменет за употреба во посебни прилики…

Ете го натамошното абецедарско продолжување на хармоничната мелодичност на битолскиот говор :

Варило-готвење, верзевул-натемаго, вудве-дупло, вуртабак- шлаканица, ќотек, гајгур хермафродит, галиба- веројатно, грнета-кларинет, гемија-лаѓа, давија-поплака, далјан, карма снагатор, далавера, дубара -противзаконско дејствие, дандара мандара-лажни приказни, дандана-пред целата јавност, дибек-камен за толчење кафе, недоделкан човек, дрндач вртиверец, дрле па дрле исто па исто, дрндупка-повлекување, тегнење, дубеш-две петки кај заровите, думстер-незнајко, дусе две тројки кај заровите, дудош две шестки кај заровите, ѓевшек -на лер, ѓериз-одводен фекален канал, бразда, ѓурултија-кавга, ексик-досаден, енглеџе -од немајкаде, еписибир-нарамно, сеедно, епиек две единици кај заровите, ербап -снаодлив човек, ерген неженет, есап сметка, еснаф скромен човек, зевзек немирко, зезање -заебанција, зандана затвор, зијан губиток, зрзе засмејувач, зркле љубопитен, ѕвиска-акачка, пошеталка, имела -вртоглавица, исав -милост, ифрит- јад, ишарет -мимика, иштаф апетит, јабана-попусто, jaнsa чувство пред несреќа, јунфер-човек без сексуално искуство… 

(продолжува)