СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации кои што непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации беше Пионерскиот центар до 1996, а од 2005 е здружението на граѓани од областа на културата Промедиа Битола.

На иницијатива на оваа организација уште пред повеќе од две децении секоја година беше организирана една широка музичка приредба под името „Одбираме музички таленти“. На неа учествуваа деца од детските градинки и основните училишта кои имаа желба да пејат и да се натпреваруваат за најдобри пејачи помеѓу своите врсници.

Извор Википедија