Пред неколку дена со голем перформанс одржан на плоштадот Магнолија заврши Третиот меѓународен младински волонтерски камп „ Меморијален камп на Евреите од Монастир/Битола“. Оваа година по трет пат во организација на Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ , во соработка со Црвенот Крст од Битола и Регионалната Евангелска Црква од Баден Баден, Р.Германија се реализира Третиот меѓународен младински волонтерски камп„ Меморијален камп на Евреите од Монастир / Битола“.

На кампот учествуваа 25 волонтери од Р,Германија и дваесетина од Р.Македонија, пред се од Битола , волонтери на Црвениот Крст и АРХАМ…

Како и двајца волонтери од Еврејската заедица на РМ, во Скопје. Одржувањето на кампот беше со поддршка која ја даде Министерството за надворешни работи на Р.Германија, Младината на Евенгелската Црква на Германија, како и самите учесници на кампот од Германија кои партиципираа со свои средства. Овие средства беа клучни во покривање како на ангажираните работници на Еврејските гробишта во месеците Август и Септември, така и за покривање на целокупните трошоци за престој, храна и активности на сите волонтери, вклучувајќи ги и македонските…

Кампот траеше од 28.07-10.08.2017 г. За тоа време волонтерите секој работен ден од 05.00-11.00 ч. и покрај големите жештини успеа да исчистат преку 5000 м2 и да разоткријат околу 800 нови надгробни плочи, кои уредно беа исчистени и документирани…

Младите волонтери покажаа како се работи со срце и визија и на овие временски услови со горештини кои достигнуваа до 40 целзиусови степени…

Покрај работните активности младите волонтери имаа секојдневни активности како промоции, дискусии за теми како „забранета љубов“, значењето на Илинден, Антисемитизам и многу други. На тој начин кај нив се развиваше критичко мислење, размена на идеи и мислења и меѓусебно запознавање…

Запознавањето започна со авантурата на Пелистер, продолжи со Преспа, а потоа младите волонтери имаа ретка можност да ги посетат манастирските комплески Успение на Пресвета Богородица во Трескавец и да чујат на историјата и верата од устата на монахот Калист, да уживаат во карпестите предели и да учат „болдеринг“, да се ја почуствуваат духовната тишина на Манастрот Св.Јован Претеча во Слепче, да се вооддушевуваат на ретките книги во првата и најголемата прватна библиотека Ал-Би во Бабино, и секако да вкусат пастрмката од рибникот Бабино… Вевчанските извори беа нивниот голем предизвик, а Плаошник и Струга место на кое пак би сакале да се вратат макар уште на ден … Кампот практично заврши со манифестацијата „Битола се сеќава“ која се одржа на 09.08 на Плоштадот Магнолија. На оваа манифестација волонтерите од Германија ја предадоа хуманитарната помош на нашите волонтери од Црвениот Крст Битола, а овие на претставниците на социјално загрозените семејства…

На крајот на оваа манифестација волонтерите и граѓаните пуштија 350 балони со порака на благослов, мир и простување, како симболичен гест на сеќавање кон нашите сограѓани битолските Евреи кои повеќе ги нема…