Камената тврдина во центарот на градот,сведок и заштитник на трговските добра кои трговците некогаш ги пренесувале и тргувале во Битола.Еден од најстарите заштитени магацини за стока во Битола,со дебели ѕидови,покриен со камени плочи и ограден со заштитни решетки.Складирани на сигурно и безбедно од тука започнувала првата трговија.
Магазата го започнала својот живот како берза за скапи зачини,потоа место за продажба на скапи ткаенини,свила памук,темјан и смирна,парфеми и сл..
Кон крајот на 18ти век тука беа еден куп еврејски шивачи(терзии),дуќани и канцелариите на еврејските трговци(према сегашна Пошта,Стопанска Банка Битола и куќите дијагонално од магаза према пионерски дом).
Магазата има мал простор но тогаш во тоа време и во дворот имала камари со кепенци каде трговците ја чувале робата.
Зачини,скапи ткаенини од исток,темјан и смирна,благородно јако дрво,парфимирани масла од Египет итн.
Тука можеле да се најдат производи од Басра,Каиро,Етиопија и Мароко.Од Битола продолжувале Виена,Грац,Сараево или Белград…
Кон средината на 19 ти век тука исклучителни трговци биле само Евреите и Турците.
За караваните биле задолжени Турците кои ги поседувале и биле главни за пренос на стоката,додека Евреите биле единствени на кои Султанот му имаше дозволено да ги финансираат од Блискиот Исток према Европа.
Позади магазата постоеле исто од камен ѕидани магацини,кои будно ги чувал Турскиот аскер.
image

Во време кога повеќето дуќани во Битола биле дрвени кои најчесто биле зафатени од големи пожари,
магазата била најсигурен магацин за секој трговец.
Овај објект пред неколку години беше реконструиран од страна на Министерството за Култура на Република Македонија и беше адаптирана како уметничка галерија, во која се одржуваат бројни изложби од најразличен вид и карактер.
Од времето кога Битола беше најголем трговски центар во Македонија магазите останаа како еден споменик на таа трговија која значително го помагаше развивањето на нашиот град.
Покрај оваа магаза во Битола има уште една,во улицата на Ѕвончарите,која ги чека “подобрите времиња” за и таа да си ја врати својата убавина која ја имала некогаш…во Битола,бабам Битола.

Текст во соработка со Валентина Мисковска Петрович и Архивите на Отоманското Царство во Истанбул

image