Победникот на Купот, битолски Пелистер го екипираше стручниот штаб со приклучувањето на Неџат Хусеин. Легендата на битолскиот клуб ќе биде помошник на тренерот Марјан Секуловски и заедно со Пеце Миленковски и Сашо Петровски го сочинуваат стручниот штаб за вториот дел од шампионатот.

Пелистерци вториот дел од шампионатот го почнаа со четири бода од два натпреваари и в недела, ако временските услови дозволат, во рамките на 22. коло на ПМФЛ ќе го пречекаат последнопласираниот Скопје.

Извор Гол.мк