Големо богатство злато од Отоманската банка во Битола, кое, според легендите е закопано во близина на Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово, ги скокоткало и поранешните власти на Република Македонија. Поранешниот раководител на подружницата во Прилеп на ЈП Македонија Пат, раскажува дека “големите” му нарачале да ги однесе машините за копање и да го бараат турското азно во Мариово во 2000 година. Но, наместо злато нашле шајки.

Златото го барале и силите на Антантата

Мариовското азно од тон и кусур шипки било пребарувано со машини од мариовските фирми под будното око на полицијата и војската во 1996 година. Учесници во “авантурата” кажуваат дека наместо ковчег со скапоцен жолт метал, машините откриле метално буре, закопано од работниците што го граделе новиот мост.
Расимбегов Мост фото oldprilep.com

Прилепчанец раскажува дека со негов пријател платиле по неколку стотина марки на трагач по закопани богатства за турска карта, која прецизно го обележувала местото на закопаното благо. И поранешен директор на Заводот и музеј пред 25 години го натерале да “ора” по потрага по златото од приказните.
Тон злато во темелот на мостот
Преданието вели дека при пропаѓањето на Турската империја, Османлиите се обиделе да однесат во Турција околу 1200 килограми злато од Отоманската банка во Битола. Златото во шипки било скриено околу Расимбеговиот Мост на Црна Река во Мариово, откако пропаднале обидите да се пренесе преку Лерин. На вториот “ксмет”, поворката со наоружан аскер со до заби, тргнала со десетина маски со сандаци со злато по течението на Црна Река кон Цариград. Кај Расимбегов Мост, водачот со пријател првин ги убил маските, а потоа војниците. Бидејќи златото не можеле сами да го носат, го закопале длабоко во мариовската земја.

Друго предание продолжува да кажува дека арамиите  направиле карта за местото каде го закопале златото. Едниот ограбувач заминал за Швајцарија, а другиот за Турција со намера да се вратат и тајно и мирно да го земат “пленот”.                     

Приказните ги “палат” трагачите по злато. Оние кои веруваат, чешлаат низ Мариово со апарати за детекција на метал. И властите се “заразиле од мариовската златна треска”….
Продолжува и повеќе на www.zenitprilep.com.mk