Милтон Манаки мака мачел со битолчани: сите кои ги среќавал а сакал да ги фотографира цело време биле со кренати носој и  никако да натера некој (дури и заради поза) да биди со наведната гла. Доста време бил депримиран и фрустриран заради ова – па дури и пржените лепчиња (омиленото јадење) не го јадел, а потребата од еспресо скроз ја занемарил. Јанаки ептен се загрижил, и дено-ноќно си ја чукал глата за чаре. Дури вртел низ Џамбо барајќи пар шољи за млеко со мустаќи-апликации (си рекол да проба го орасположи Милтон), случајно налетал на оние топлинките како кучиња или прасиња во кои ги пикаш нозете и си главен фраер низ дома. Му светнало! Зел едни такви (во форма на прасенца), и шољите. На каса платил со бон од Lyoness (одбил кеса – отсекогаш бил еколошки освестен) и – правец дома! Милтон кога ги видел шољите лошо одглумил дека е расположен и насмеан, и го замолил Јанаки да не го прекинва дури не ја заврши со гледање последната сезона шо ја тргна како торент. Јанаки му вели: „Ок, види само уште ова и те оставам на рает.“ 

„Ајде, добро.“

„Глеј! Ги облекваш овие и одиш по Широк сокак а сите ти се џарат в нозе а ти само штрак-штрак-штрак со апаратО и после: оп! на instagram!“

Милтон со подзината уста само го слушал а очите се појќе му се ококорвале. 

Оттаму иди поговорката: „наведната гла сабја не сечи“, а сликите шо ги сликал можите да му ги видите на instagram профилО.

“Играчките од Др.Бре”, збирка раскази на битолчанецО Јордан Николов, можите да ја купите вО тобакотО на Гина карши БезистенО. Респект