Еден Битолчанец имал три сина. Кога пораснал најстариот доволно, го пратил во Скопје да заработи пари. По една година, синот се враќа дома и носи 1000 евра.

– Па што правеше цела година тиквар еден, само 1000 евра носиш? -прашува таткото.

– Пробав со свирење Џез, ама не оди, поќето слушат турбо-фолк, толку успеав да заработам…
Го пратил таткото вториот син, по една година се враќа и тој, со 1500 евра.
– Што правеше ти шапшал еден, цела година, само 1500 евра ми носиш?
– Пробав со програмирање, ама не оди, сите го прават тоа, толку успеав да заработам.
Во очај, таткото го праќа и најмалиот син. Се враќа тој по три месеци со полн куфер пари.
– Сонце таткино, браво, кажи сега како успеа.
– Епа, пробав со се и сешто, не оди, на крајо ми се смачи и седнав пред ГТЦ, го отворив куферот и напишав:

 „Јас сум Битолчанец. Сакам да си одам дома, ама немам пари за карта“.