Има една изрека кај битолчани каде што велат дека “Секој ден не е Велигден” !


Зошто е тоа така?
Велигден е голем ден, нема поголем од него…

Најголемата победа, победата на животот над смртта…

Доброто го победи злото!…

Христос воскресе…

Вистина воскресе…

Сите се дуздисани…

Сите се дотерани…

Сите се насмејани…

Сите се тука…

Во Битола…

И старо и младо…

Сѐ се купува…

Сѐ се троши…

Сѐ се бара…

Никој не му ја мисли…

Нема политика…

Нема поделени…

Сите сме исто…

Саде битолчани…

Никој за ништо не му ја дума…

Сѐ има, од убо, поубо…

Убајни…

Дотерани, испеглани и наконтени одиме во црква. Таму оставаме јајце и палиме свеќа, за здравје. Правиме една фолта по Широк Сокак и на шеталиште, еден круг низ Тумбе Кафе, кај туку што расцутените јорговани. Тој шо е со мали деца влегува во зоолошката градина, и исто, се враќаме назад по истата маршрута земаме по едно стапче шеќерно вретено, сино за машки, розе за женски и брзо-брзо на кафе или на бира се разбира, на главната улица. Тука се сите битолчани. Оттука на ручек на јагнешко. Софрата тежи од убо до поубо, многу и последните пари си ги дадовме ама ич не ни е гајле бидејќи навистина “Секој ден не е Велигден”…

Ние барем така мислиме…

Или можеби е друго слободно додадете…
За многу години да ни е!