Правило број еден доколку сакаш да се дружиш со битолчани е да си “од градска крв и градска фаца” или попросто кажано да не си “црвен на образите”.Е тоа значи дека си од сој градски.Елегантно дотеран и испеглан,без бела чорапа крената до колено.
Битолчани најповеќе можат да чактисат дете од страна и тоа по неговиот говор,однесување и слично.Не сакаат (Неќат по битолски) фалбаџии и лажговци.Само најдобрите од страна,стројни,испраени и горди деца можат да бидат прифатени како шо треба. За другите можно е и клоца да се добие. Ризикот е голем.
Фото непознат извор,сигурно некој шо ја сака многу Битола ?
Да знаете,битолчани денот го започнуваат со чорба,тие шо знаат каде ќе ги најдете во Градската кафана во Епинал,некогашна Централ, другите шо не му се дават многу пари ќе сркнат “супичка” лево/десно од кај Цане Боксеро па се до Белведере.
Обавезна е по некоја жолта со чорбата од сабајле така да бидете спремни за жежава и нема одбивање.
Непочитувањето на битолските традиции преставува непријателство така да и немате голем избор.
Кафето е следно,едно па уште едно,на различна локација,со различен поглед на Широк Сокак,улицата Биди Виден,каде секој се гледа со сите што ги сака. Движењето по него е елегантно со полни гради воздух и повлечен стомак, зошто “се се снима”.
Полека,галантоно,како поим кој чекори а не само да се протрча како петел за чорба шо го бркаат.
Еден ти вика “Здраво шојма?” а ти му враќаш “Арен? ” и се разминувате двајцата без одговор.
Девојките во Битола се посебна приказна. Нив можете само да ги гледате и да уживате во нивната убавина. Една по една ќе поминуваат покрај вас а вие ќе се чудите дали сте на некоја модна писта или ревија.Најубајте се веќе зафатени за некој битолски фудбалер,ракометар или кошаркар.Гибање нема и е строго забрането а љубов ГОЛЕМА е можна само доколку се натурализирате за стално како битолчанец.
За странство можете само нешто од постарите да ќарите.Тие цела година “се чуваат ” и само на лето излегуваат,по ноќните клубови странци кај шо одат.
Битолчанец тешко женска или другарка на друг да мести,си ги чува сите за себе ?, шо е и многу битно за опстојување на својот градски сој.
Ручекот е обавезен некаде горе,на чист воздух,планина,во тамошните убави меани и кафеани поткрепен со вино/пиво по што иди дремка со која се полнат батериите за вечерното излегување,некаде на жива музика или локалните кафичи,ноќни клубови.
И да знаете секогаш битолчани се дружат само со испеглани,дотерани,избричани или уредени деца,парфимирани и со бели кошули,традиција голема и далечна од пред повеќе од сто години.
Кога на гости битолчанец ќе те покани и креветот ќе ти го отстапи ако треба,а тој на земја ќе спие. Алиштата ќе ти ги испери и гладен нема шанса да те остави, дури и со гушкање ќе те испрати. Ако немаш пари и карта ќе ти купи.
Единствено е тоа што мораш да го почитуваш него и неговата фамилија,да се восхитуваш на неговиот град Битола и битолските девојки и ќе немаш гајле за да се дружиш со битолчани.
п.с.
Само битолчанец нема шанси со наочари за сонце навечер да сретните ?
Битолчанец до сега од Битола нема за стално избегано,само пари прај странство и пак се враќа ?
Минимум три и поќе генерации од фамилијата од Битола треба да ти бидат за оригинал градски битолчанец да бидеш ?
Текстот е пишуван за забава без намера некој да навреди или слично.