Бобан Бошевски има 14 години и во Битола е познат како најмлад и најпопуларен битолски Јутубер со ник нејм Ај Би ( IB, IB Production). Учи во основното училиште “Коле Канински” во Битола. Воедно оди и во музичкото училиште во Битола каде што свири на клавир кај професорот Александар Грујовски.
Ученик, музичар и јутубер. Снимањето на видеа го започнува сосема случајно и бидејќи со тек на време ја зголемува својата поддршка тој продолжува со својата работа. Моментално има 16.000 сабскрајбери со над 2.000.000 прегледи.

Здраво Бобан. Ако можи кратко да те преставиме на нашите читатели.Колку години имаш и каде учиш?

Здраво. Имам 14 години и учам во О.У Коле Канински во Битола. Моментално сум деветто одделение.

Колку време си јутубер и од каде дојде љубовта кон тоа?

Постирам видеа на јутуб повеќе од 2 години. Љубовта кон јутуб се создаде сама со текот на времето.

https://youtu.be/gnASYYPUr38

Од каде црпиш инспирација за видеата и дали имаш твоја “логистичка” поддршка?

Инспирација ми се случувањата од секојдневниот живот, случувањата на мојте другари, исто така и барањата мојте следачи. Во “логистичка” поддршка можам да го вбројам моето семејство и секако моите најблиски пријатели.

Дали се заработува од оваа работа и што се опрема и можности треба за некој да стани јутубер?

Ако зборуваме конкретно за јутуб во Македонија заработката е доста мала но има други извори на заработка со оглед на тоа што јутуб го следат голем број луѓе.

За да се стани јутубер секако дека треба опрема но најмногу треба посветеност, упорност, креативност и што е најважно поддршка од најблиските.

https://youtu.be/13yJ8bGniZU

Дали имаш поддршка од твојата фамилија и дали ти има дојдено ете така до идеа да снимиш една смешна домашна пренк (prank. анг-смешна) снимка?

Најголема поддршка ми е секако мојата фамилија. Тие се мојата инспирација и потпора во животот. Имам идеа за многу снимки и секако за некаков домашен пренк. Но реализирањето на тие снимки бара време и добра осмисленост за да им се допадне на публиката.

https://youtu.be/Lm8gRi9gWNU

Дали популарноста ти годи и дали имаш многу обожаваталки?

Секако дека ми годи. Всушност сето ова се работи заради популарност. Никогаш не може точно да се одреди соодносот на машка и женска публика, но мене ми е значајна е бројноста а не полот.

Благодариме Бобан и ти посакуваме поголеми успеси понатаму…

Каналот на Бобан на Јутуб на овај линк IB Production

7 seconds challenge Кумба (Солзи и Смеа) vs IB