Бачки Ан е изграден во 20тиот век и се наоѓа покрај самата река Драгор, откаршија познатиот Мојсов Мост, на самиот ќош на ул.Булевар 1ви Мај и ул.Блаже Рогозинаро. Во овој дел на градот имало повеќе анови и тука престојувале гости од долните села Бач, Брод, Гермијан, Живојно, Кременица и др.Во секој дел на Битола имало различни анови за сите граѓани кои доаѓале од околината на градот. Името го добивале претежно по гостите од каде доаѓале најповеќе.Тука во овој случај претпоставуваме дека најповеќе доаѓале од с.Бач.

Со запрежни коли селаните од тие села неуморно поминувале многу километри до Битола. Кога ќе паднела ноќта ги посетувале овие анови и тука преноќувале во нив.

Анот (од турски: han) — преставувал еден вид на гостилница и преноќиште, остаток од османлиско време за патниците и нивните каравани. Овие згради имале штала за коњ, внатрешен двор, соби за патниците, гостилница (меана) и простории за анџијата.Битола како велеград била позната по нејзините анови. Ановите најчесто ги добивале имињата по жителите кои престојувале во нив, а некои и по името на газдите.
Знаете ли вие некој битолски ан ?…

Слободно пишете ни и барем малку да им го вратиме нивниот белег и сјај …

Податоци користени во соработка со Музеј Битола на кои им изразуваме голема благодарност