Еурофарм Работник го победи Пелистер во големото битолско дерби од ракометната Супер-лига со 22-25. Пред битолската публика со пораз својата епизода ја почна новиот тренер на Пелистер, Борче Марковски.

Најефикасни поединци во екипата на Еурофарм Работник беа Пецаковски со седум и Петровски со пет гола, а кај Пелистер се истакнаа Чантурија со девет и Чуриќ и Митревски со по четири гола.

З.Мишевски Тера ТВ