Old hotel Jevtic memories in Bitola

Ташко Тасевски (Тасич) бил некогашен рецепционер во Хотел Јефтиќ,кој сега не е меѓу нас,но преку неговите приказни и сеќавања прераскажани на неговите внуци и роднини,меѓу кои е и Денис Бајрамов,сеште живее…
По неговите кажувања Хотелот Јефтиќ бил еден од првите хотели и објекти каде тогаш во 1920/30 имало струја во Битола,хотел каде престојувале најбогатите гости,трговци и домаќини,еминентни и галантони господа меѓу кои и Германските воени офицери…
Кога дошле во Битола тие престојувале во хотелот Јефтиќ,каде се служело со исклучиво германски прибор и порцелан,кој во тоа време бил најдобар и најквалитетен (семејството на Ташко сеуште има примерок од нив).
Неговиот син Томе,дедо на Денис,како дете доаѓал секој ден на посета кај него на работа.Тогаш кога офицерите престојувале таму,за првпат во животот од нив добил и пробал чоколадо по што останал”зачуден” од вкусот кој дотогаш го немал пробано.
По неколку месечен престој Германските офицери си заминале од Битола,од хотелот Јефтиќ,се поздравиле со Ташко,на кој за неговата чесна и верна услуга како поклон му доделиле кожна офицерска чанта и чевли кои “светеле” како огледало…

Фотографии и кажувања од Денис Бајрамов